Две лица се повредени, од кои едното се бори за живот во тешката сообраќајка која се случила вчера околу 15,30 часот на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија.
До незгодата дошло кога Т.Д.(36) од Штип, управувајќи со „лада караван“, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната страна на коловозот и удрил во брег со камења надвор од коловозот.
Во незгодата повредени се сопатниците С.С.(28) и Н.З.(20), кои веднаш се пренесени во Клиничката билница Штип, каде кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди. По извршената хируршка интервенција тој се уште е во животна опасност.
Второто повредено лице се здобило со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Автомобилот бил помесет од местото на несреќата и бил пронајден на ул.„Косовска“бб, од каде е пренесен во полициската станица за БПС-Штип. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип во присуство на јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.