| четврток, 6 декември 2018 |

Париз ја слави титулата на ПСЖ, тага за Нанси, Брест и Троа

Париз ја слави титулата на Пари сен Жермен, трета во историјата на клубот, а завршницата на француското првенство им донесе тага на фудбалерите на Нанси, Брест и Троа, кои испаднаа од Лигата. Место нив од идната сезона со француската фудбалска елита ќе играат Монако, Нант и Гингамп, екипи што имаат искуство со настапите во Првата лига.

Во последното коло најмногу доби Ница, која го искористи ремито меѓу Лил и Сент Етјен, па ги скокна на табелата и ќе игра во квалификациите за  Лигата на Европа. Ница победи на Корзика, против Ајачио со 2-0 и го заврши шампионатот на 4. место. Пред нив се шампионот ПСЖ, потоа Марсеј и Лион, екипи што ќе играат во Лигата на шампионите.

 

Резултати, последно коло: Лориент – ПСЖ 1-3, Марсеј – Ремс 0-0, Бастија – Сошо 0-0, Ајачио – Ница 0-2, Лил – Сент Етјен 1-1, Лион – Рен 2-0, Брест – Нанси 1-2, Бордо – Евијан 2-1, Валенсијан – Троа 2-1, Тулуз – Монплеје 0-0.

 

Конечна табела: ПСЖ 83 (ќе игра во ЛШ), Марсеј 71 (ЛШ), Лион 67 (квалификации за ЛШ), Ница 64 (квалификации за ЛЕ), Сент Етјен 63, Лил 62, Бордо 55, Монпелие и Лориент по 53, Тулуз 49, Валенсијан 48, Бастија 47, Рен 46, Ремс 43, Сошо 41, Евијан и Ајачио по 40, Нанси 38 (втора лига), Троа 37 (втора лига), Брест 29 (втора лига).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top