Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека Косово нема право да формира своја армија бидејќи тоа е во спротивност на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.
– Таквата одлука е незаконска. Единствени вооружени сили кои можат да дејствуваат во Косово се силите на ОН КФОР, истакна Дачиќ.
Тој додаде дека создавање на армија на Косово ќе биде дополнителен фактор на нестабилност во регионот.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи синоќа во Брисел изјави дека косовскиот Парламент итно треба да донесе одлука за формирање на вооружени сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации