| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Косово нема право да формира армија

­

dacic

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека Косово нема право да формира своја армија бидејќи тоа е во спротивност на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации. ­

– Таквата одлука е незаконска. Единствени вооружени сили кои можат да дејствуваат во Косово се силите на ОН ­ КФОР, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека создавање на армија на Косово ќе биде дополнителен фактор на нестабилност во регионот.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи синоќа во Брисел изјави дека косовскиот Парламент итно треба да донесе одлука за формирање на вооружени сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top