Доминација на швајцарските скијачки на алпската комбинација на Светското првенство во Сент Мориц. Венди Холденер го освои златниот медал пред својата сонародничка Мишел Гисин.
Холденер ја круниса одличната спуст трка, со уште подобра слаломска и со време од 1:58.88 минути заврши на првата позиција. Второпласираната Гисин заостана само за +0.05 секунди, додека на третата позиција заврши Михаел Киргасер од Австрија (+0.38).
Линдзи Вон не успеа да стигне до нов медал и обезбеди пласман само на петтата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?
-
Златен медал за женскиот младински хор на КУД „Стив Наумов“ во Молдавија
-
Мал херој: Дете без раце освои златен медал во пливање (Видео)
-
Ангела Прилепчанска ја претстави за прв пат Македонија на Светско првенство во уметничко лизгање (видео)