Младинскиот женски хор кој работи во состав на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола освои златен медал на меѓународниот натпревар, Фестивал на хорови што се одржа во Молдавија.
Во молдавскиот град Кишињев битолските хористки настапија 5 пати на различни локации во градот, а во натпреварувачката програма исполни 5 песни од македонски автори, истакна раководителот на КУД „Стив Наумов“-Битола и диригент на хоровите Љубомир Трифуновски.
– Во конкуренција од 29 хорови го освоивме првото место. Оваа награда е од голема важност бидејќи ја освојуваме на нашиот премиерен настап на меѓународниот фестивал на хорови кој во Кишињев се одржува по 7 пат. Конкуренција беше голема, но и нашето задоволство исто така бидејќи освен градот Битола, хористките како вистински македонски амбасадори ја претставија и нашата држава промовирајќи ја македонската музика во светот, истакна Трифуновски по враќањето од Молдавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.