| четврток, 6 декември 2018 |

„Интелектуалците“ на СДСМ во одбрана на парите од грантовите

„Аман ам­ба­са­до­ри, др­же­те, не да­вај­те. Не да­ва­ме да ни ги чеп­ка­ат спон­зо­ри­те, отво­ре­ни сме че­ти­ри пр­сти, ќе ко­до­ши­ме, ќе ра­бо­ти­ме и на­та­му про­тив Ма­ке­до­ни­ја. Про­ве­ре­но е! Са­мо не сек­ну­вај­те ги гран-­то­ви­те и по­мо­шта за нас и за на­ши­те СДСМ и Бе­са. Аман!“ Ва­ка, нај­ве­ро­јат­но, би гла­се­ло искре­но­то пис­мо од „ин­те­ле­кту­ал­ци­те“ до ЕУ и до САД. Се­пак, најм­но­гу за­гри­жу­ва бро­јот. Па не­ли са­мо 23 ли­ца се пот­пи­шаа?! Ма дај­те бре лу­ѓе. Има сто­ти­ци дру­ги што зас­лу­жу­ва­ат да би­дат та­му. Ба­рем пол­тро­ни не ни не­до­сти­га­ат. За нив­на сре­ќа, ги за­се­ни­ја „нев­ла­ди­ни­те“ плач­ков­ци. Очај­нич­ки кри­ко­ви на Ма­ке­дон­чи­ња на кои СОС им „брц­на“ в око или, по­ве­ро­јат­но, во ме­дот. Од „пче­ла­рот“ Со­рос. Па, ако мо­же да би­де фи­лан­троп, чу­му не и пче­лар. Вто­ро­то е по­ве­ро­јат­но...

Ве­лат де­ка нај­до­бри­от и нај­кус опис на по­и­мот ин­те­ле­кту­а­лец е де­ка тоа е чо­век што се­ко­гаш ко­ри­сти по­ве­ќе збо­ро­ви од што е по­треб­но, по­ве­ќе­то не­раз­бир­ли­ви, за да го об­јас­ни ток­му тоа што не го раз­би­ра. А што би­ва со ма­ке­дон­ски­те ин­те­ле­кту­ал­ци, осо­бе­но тие што тол­ку страс­но ми­лу­ва­ат да се са­мо­на­ре­чат та­ка? Да, исти­те тие 23 ли­ца, кои љу­бат да пи­шу­ва­ат пис­ма. На­стра­на што сѐ из­на­пи­ша­ле во од­бра­на на ам­ба­са­до­ри­те, не­ба­ре не­кој ка­жа не­ка­ква не­ви­сти­на за нив­но­то без­о­браз­но и ед­но­стра­но дејс­тву­ва­ње во др­жа­ва­та, на­стра­на и што си­те се „ин­те­ле­кту­ал­ци“, но ед­но е си­гур­но. Де­фи­ни­тив­но, ко­ри­сте­ле прем­но­гу збо­ро­ви. Мо­же­ле, ед­но­став­но, да на­пи­шат: „Аман, др­же­те, не да­вај­те. Не да­ва­ме да ни ги чеп­ка­ат спон­зо­ри­те, отво­ре­ни сме че­ти­ри пр­сти, ќе ко­до­ши­ме, ќе ра­бо­ти­ме и на­та­му про­тив Ма­ке­до­ни­ја. Про­ве­ре­но е! Са­мо не сек­ну­вај­те ги гран­то­ви­те и по­мо­шта за нас и за на­ши­те СДСМ и Бе­са. Аман!“ Ве­ру­вам, де­ка овие три­е­се­ти­на збо­ро­ви мно­гу по­ве­ќе и по­до­бро ја ка­жу­ва­ат на­ме­ра­та на овие 23 пол­тро­ни, кои за­ста­наа на „бра­ни­кот на ам­ба­са­до­ри­те“. На та­тко­ви­на­та не би ни мо­же­ле за­тоа што не им при­ле­га, а не е ни тол­ку исп­лат­ли­во, не­ли. Ви­сти­на е де­ка се из­на­пи­шу­ва­ле де­ма­го­гии и глу­по­сти во пис­мо­то, кое во се­ко­ја дру­га др­жа­ва би би­ло при­чи­на за до­жи­во­тен потс­мев, но тие на­ста­пи­ја гор­до во сопс­тве­на­та ла­кр­ди­ја. Гор­да ан­ти­ма­ке­дон­ска, но про­ам­ба­са­дор­ска гар­да. На­стра­на, не­кој тре­ба­ше да им ка­же де­ка че­сто во жи­во­тот е по­до­бро да мол­чиш и да доз­во­лиш да те сме­та­ат за бу­да­ла, откол­ку да про­го­во­риш и да ги трг­неш си­те сом­не­жи. А тие саг­лам си се отво­ри­ја во пис­мо­то…

analiza232-3

Следува уште пополтронско писание до амбасадорите?

Уште по­бит­но пра­ша­ње во це­ла­та тра­ги­ко­ме­ди­ја на са­мо­на­ре­че­ни­те „ин­те­ле­кту­ал­ци“ е чу­му са­мо два­е­сет и трој­ца? Па се­кој нор­ма­лен и троа по­до­бро упа­тен во при­ка­ска­та на за­сег­на­ти­те и вљу­бе­ни во епи­сто­лар­ни од­бран­бе­но-ам­ба­са­дор­ски пре­пи­ски ќе ви ка­же де­ка ова е ви­стин­ска сра­мо­та. Не, не мис­ли­ме на пол­трон­ска­та и бед­но сро­че­на со­др­жи­на, тоа се гле­да од ави­он. Сра­мо­та е што са­мо 23 ли­ца се пот­пи­ша­ле на пи­са­ни­е­то. Бе­до­ти­ја од број­ка. На­ви­сти­на, арам да им е на дру­ги­те сто­ти­ци дол­го­го­диш­ни ко­рис­ни­ци на па­ри­те на Со­рос, УСАИД, но и на гер­ман­ска, швед­ска, дан­ска, хо­ланд­ска, бри­тан­ска, фран­цу­ска, нор­ве­шка и ка­ква ли не ам­ба­са­да.Чу­му исти­те тие што из­гра­ди­ја ка­ри­е­ра, на­стра­на ха­ци­ен­ди и ред дру­ги под­виж­ни и не­под­виж­ни ле­зе­ти, се­га го од­бег­наа за­дол­жи­тел­но­то и по­драз­бир­ли­во при­сус­тво на оваа срам­на ли­ста?! Ај­де и „ин­те­ле­кту­ал­ци­те“ на­стра­на, но ме­ѓу пот­пи­ша­ни­те се нај­де са­мо еден но­ви­нар, а и тој ни­кој не го поз­на­ва? Што бид­на со сто­ти­ци­те дру­ги „про­фе­си­о­нал­ци“, кои со де­це­нии ги мол­зат овие ви­со­ком­леч­ни стран­ски кра­ви? Или таа пле­ја­да со­ро­со­ид­ни ли­ко­ви, кои се­ко­ја ве­чер бе­се­дат на вез­ден исти­те ме­ди­у­ми, зо­што и ним им бе­ше скра­те­на че­ста. Од де­сет­та стра­на, на пи­са­ни­е­то се нај­доа 14 Ал­бан­ци и 9 Ма­ке­дон­ци. Иа­ко за овие вто­ри­те на­ци­о­нал­но­ста и не е тол­ку си­гур­на, но на што се дол­жи овој ре­а­лен бој­кот на не­до­вет­ни­те вљу­бе­ни­ци во де­ло­то на Беј­ли, Жбо­гар, Алт­ха­у­зер, Сте­фан­сон и на дру­ги­те до­на­то­ри? Нај­ве­ро­јат­но, дру­ги­те не ни ста­са­ле да се пот­пи­шат ток­му по­ра­ди на­ве­де­ни­те ко­ле­ги. Со зго­ле­му­ва­ње на број­ка­та, би се на­ма­ли­ло зна­че­ње­то на па­ра­фот на пот­пи­ша­ни­те. Ва­ка, из­бр­за­ле по­ра­ди кра­те­ње на „кон­ку­рен­ци­ја­та“, ко­ја со ду­ша и ср­це са­ка­ла, но не ус­пе­а­ла да се пот­пи­ше. Пис­мо­то, ед­но­став­но, за­ми­на­ло. Та­ка, се­га се са­мо 23 од­бра­ни, со фан­та­стич­ни пре­дис­по­зи­ции за след­ни­те гран­то­ви и про­е­кти. Вра­ти­те на ам­ба­са­ди­те им се ши­рум отво­ре­ни, за „век и ве­ков“. Од­лич­на ин­ве­сти­ци­ја, на­стра­на, мо­же­те са­мо да за­мис­ли­те кол­ку се­га ги мра­зат дру­ги­те не­до­вет­ни вљу­бе­ни­ци во ам­ба­са­дор­ски­те при­до­би­вки. Но ова не­ма ва­ка да за­вр­ши, си­те тие дру­ги сто­ти­ци „ин­те­ле­кту­ал­ци“, про­фе­со­ри, но­ви­на­ри, ана­ли­ти­ча­ри и ред дру­ги не­ма да се пре­да­дат тол­ку лес­но. Во пра­ша­ње се ми­ли­о­ни. Евра, до­ла­ри, фран­ци. Во оче­ку­ва­ње сме на но­во, уште „по­сил­но“ и ду­зи­на па­ти по­пол­трон­ско пис­мо од лу­та­та и из­ма­ме­на кон­ку­рен­ци­ја…

analiza232-2

Симултаниот крик на „интелектуалците“ и на невладините чеда возљубени во Сорос

Очај­ни­от крик на „ин­те­ле­кту­ал­ци­те“ го за­се­ни уште пог­лас­ни­от плач на „нев­ла­ди­ни­те“. Не ба­ди­ја­ла, и две­те гру­па­ции се во на­вод­ни­ци. Та­му се по­ве­ќе од зас­лу­же­но. Пр­ви­те, кои се де­се­ткрат­но по­ве­ќе од пот­пи­ша­ни­те на пи­са­ни­е­то, би тре­ба­ло да би­дат во по­сто­ја­на од­бра­на на не­ка­ков си­стем на вред­но­сти. Ба­рем, та­ка е во те­о­ри­ја­та на ин­те­ле­кту­а­лиз­мот. Овие на­ши­те во на­вод­ни­ци, се во од­бра­на са­мо на Со­ро­со­ви­те вред­но­сти, кои, ре­ал­но, не би ни мо­же­ле да се на­ре­чат та­ка. Исп­лат­ли­во­ста на про­те­жи­ра­ње­то на не­чи­ја иде­о­ло­ги­ја, ма­кар и по­сра­на, соз­да­де уни­кат­ни „ин­те­ле­кту­ал­ни“ че­да во др­жа­ва­та, ред сте­рил­ни ди­ле­тан­ти, кои се „шле­пу­ва­ат“ пре­ку сво­е­то зна­е­ње – не да соз­да­ва­ат, ту­ку да ги пре­па­ку­ва­ат ра­бо­ти­те до­би­е­ни од стра­на. На­фа­ти­ра­ни из­вр­ши­те­ли на за­да­ча, ма­кар и стран­ска. Да,овие кла­сич­ни опор­ту­ни­сти и оп­штес­тве­ни кр­ле­жи од­лич­но ег­зи­сти­ра­ат од сво­јот „труд“. А до­бро нап­ла­те­ни­от ан­гаж­ман е са­мо ед­на од ни­шки­те што ги спо­ју­ва­ат со „нев­ла­ди­ни­те“, сли­чен вид кр­ле­жи (дел здо­дев­ни ка­ко бол­ви, хи­брид бол­во­кр­леж), кои освен опор­ту­низ­мот, се ко­рис­ни­ци на исти­те до­на­то­ри, но и се во­де­ни од иден­тич­на пре­ми­са, иде­о­ло­ги­ја и цел. Не слу­чај­но, дел од овие „ин­те­ле­кту­ал­ци“ се на че­ло на нај­из­ви­ка­ни­те Со­ро­со­ви НВО во Ма­ке­до­ни­ја. Пре­крас­но си се на­до­пол­ну­ва­ат, а ве­ро­јат­но, ов­де им по­ма­га и ге­не­ти­ка­та. Штет­ник со штет­ник, очиг­лед­но, до­бро се раз­би­ра.

analiza232-4

По оча­јот на „ин­те­ле­кту­ал­ци­те“ сле­ду­ва­ше тол­ку оче­ку­ва­ни­от плач на „нев­ла­ди­ни­те“ или, по­до­бро ка­жа­но, ан­тив­ла­ди­ни­те, кои ко­ор­ди­ни­ра­но и тол­ку со­ро­со­ид­но скро­е­но за­ле­лел­каа про­тив „Стоп опе­ра­ци­ја Со­рос“. Раз­бир­ли­во и оправ­да­но. Па СОС за­ста­на пред нив­ни­от бас­нос­ло­вен сеф, го на­пад­на да­реж­ли­ви­от пси­хо­пат и ме­це­на, се за­ка­ни де­ка ќе ги сек­не си­те тие пре­крас­ни, тол­ку сла­тки до­ла­ри.

Оче­ку­ва­на ре­ак­ци­ја од Ма­ке­дон­чи­ња­та, кои се на­де­ваа де­ка пре­ку сво­и­те фи­ли­ја­ли со ква­зи­и­де­о­ло­ги­ја­та ќе ме­та­ста­зи­ра­ат во це­ло­то оп­штес­тво, чин што со­ле­но го нап­ла­ти­ја. А ка­ко по­и­на­ку, освен со за­ка­на за туж­би да ја бра­нат сво­ја­та штет­нич­ка ег­зи­стен­ци­ја? Ни­кој од нив и не оче­ку­ва­ше фер-плеј. Да, не тре­ба­ло да би­де „Ме­та­мор­фо­зис“, „Ме­та­ста­зис“ по­до­бро им при­ле­га. А ако мис­леа де­ка нив­ни­те глу­по­сти ќе тра­ат до не­дог­лед и де­ка ни­кој нор­ма­лен ни­ко­гаш не­ма да се ос­ме­ли да за­ста­не на па­тот на не­бу­лоз­на­та про­па­ган­да и про­ѕир­ни иди­от­шти­ни, за­зе­ма­ње стра­на и јас­на цел за ури­ва­ње на еден по­ре­док, очиг­лед­но, не сфа­ти­ле мно­гу ра­бо­ти. Си жи­ве­е­ле во сказ­на. Не од Грим или Ан­дер­сен, Со­ро­со­ва, се раз­би­ра. Ар­но ама, ка­ко се­ко­ја сказ­на, и нив­на­та има се­ри­оз­на утка. Раз­мис­ле­те. Ако чев­ли­че­то на Пе­пе­ла­шка тол­ку со­вр­ше­но ѝ од­го­ва­ра­ло, то­гаш зо­што ѝ пад­на­ло?

Каракамишева-Јовановска: Срам преку лаги, извртувања и полувистини

Tanja-Karakamiseva-analizaПис­мо­то пот­пи­ша­но од ед­на ма­ла гру­па ма­ке­дон­ски про­фе­со­ри и са­мо­на­ре­че­ни ин­те­ле­кту­ал­ци е, во најб­ла­га фор­ма ка­жа­но, срам за ма­ке­дон­ска­та ин­те­ле­кту­ал­на и уни­вер­зи­тет­ска мис­ла, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, спо­ред ко­ја тоа изо­би­лу­ва со мно­гу не­точ­ни ин­фор­ма­ции и кла­сич­ни из­вр­ту­ва­ња на ви­сти­на­та, кои се вед­наш вид­ли­ви. Јас­но е ка­ко бел ден кој го из­ло­би­рал ова пис­мо и кој стои зад не­го, исто ка­ко и вид­ли­во­ста на по­ли­тич­ки­те ин­те­ре­си на СДСМ да ги ди­скре­ди­ти­ра­ат по ми­ли­о­ни­ти пат ВМРО-ДПМНЕ и Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ама се­га пре­ку „не­за­вис­ни­те“ ин­те­ле­кту­ал­ци.

Каракамишева-Јовановска: Не­вкус­но е и без­о­браз­но од ин­те­ле­кту­ал­ци да се обра­ќа­ат со ди­рект­на под­др­шка на ам­ба­са­до­ри­те на зем­ји­те-член­ки на ЕУ пре­ку пла­си­ра­ње лаж­ни ин­фор­ма­ции, из­вр­ту­ва­ња и по­лу­ви­сти­ни. Тра­гич­но е ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци да спад­нат тол­ку ни­ско за да ка­жу­ва­ат ла­ги и из­мис­ли­ци за по­ли­тич­ка­та со­стој­ба во РМ по­ра­ди не­кои свои лу­кра­тив­ни или ка­ри­е­ри­стич­ки ин­те­ре­си и по­бу­ди. Уште по­срам­но е за го­ди­ни­те што ги но­сат и за ти­ту­ли­те со кои се пер­чат да фа­бри­ку­ва­ат та­кви ди­скре­ди­ти­рач­ки ин­фор­ма­ции на­со­че­ни иск­лу­чи­тел­но про­тив ед­на лич­ност, Ни­ко­ла Гру­ев­ски и не­го­ви­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци. Лаж­ни­те ин­фор­ма­ции со­др­жа­ни во пис­мо­то ли­чат на кла­сич­ни­те уд­ба­шки ети­ке­ти­ра­ња поз­на­ти од вре­ме­то на со­ци­ја­лиз­мот. На јав­но­ста ѝ е поз­на­то де­ка до­бар дел од пот­пи­ша­ни­те се во тес­ни вр­ски со уд­ба­шки­те стру­кту­ри во зем­ја­та и во Ср­би­ја, та­ка што мо­ти­вот да го на­пад­нат лич­но Гру­ев­ски пред стран­ски­те дип­ло­ма­ти и пред европ­ски­те и аме­ри­кан­ски­те ин­сти­ту­ции е по­ве­ќе од очиг­ле­ден и лу­кра­ти­вен. Мно­гу до­бро се се­ќа­ва­ме ка­ко до вче­ра дел од пот­пи­ша­ни­те про­фе­со­ри му се дод­во­ру­ваа на Гру­ев­ски во се­ко­ја мож­на при­го­да, ка­ко мо­леа пред не­го­ви­от ка­би­нет со ча­со­ви, ка­ко ра­бо­теа на не­го­ви про­е­кти без ни­ту еден на­пи­шан збор ама за де­бе­ли хо­но­ра­ри, ка­ко се ли­га­веа де­ка тој е единс­тве­ни­от по­ли­ти­чар-ре­фор­ма­тор во РМ и де­ка са­мо тој е спо­со­бен по­ли­ти­чар во зем­ја­та, ка­ко му се пи­каа во се­ко­ја мож­на при­го­да да би­дат поб­ли­ску до не­го, ка­ко му се дод­во­ру­ваа на се­ка­ков мо­жен на­чин, ду­ри и на ште­та на про­фе­си­ја­та, за се­га, на­ед­наш, си­те тие поз­на­ти ми­та­џии, поз­на­ти кри­ми­нал­ци и лу­ѓе со образ-ѓон да за­ста­нат на старт­на ли­ни­ја за ка­но­на­ден на­пад про­тив Гру­ев­ски. Сра­мо­та.

Во пис­мо­то, ток­му оваа од­бра­на гру­па ми­та­џии се по­ви­ку­ва на од­бра­на на прин­ци­пи­те на пар­ла­мен­тар­на­та де­мо­кра­ти­ја во на­ша­та др­жа­ва, кои за­мис­ле­те, „по­сте­пе­но во 11-го­диш­но­то вла­де­е­ње на Гру­ев­ски пре­рас­на во авто­крат­ски ре­жим на хи­бри­ден по­ли­тич­ки си­стем“. Срам. Про­фе­со­ри што не­ма­ат по­им де­ка „по­ли­тич­ки ре­жим“ и „по­ли­тич­ки си­стем“, е, всуш­ност, ед­но исто, два по­и­ма со исто зна­че­ње. Срам за про­фе­со­ри и за ин­те­ле­кту­ал­ци, кои не­ма­ат по­им што збо­ру­ва­ат и што пи­шу­ва­ат. Мис­лат де­ка ако ка­жат авто­ри­та­рен ре­жим на хи­бри­ден по­ли­тич­ки си­стем де­ка ка­жа­ле го­ле­ма ду­ма. Ви­сти­на­та е де­ка ка­жа­ле ед­но го­ле­мо ни­што. Из­ме­ша­ле прин­ци­пи на пар­ла­мен­тар­на де­мо­кра­ти­ја со ре­жим со си­стем и на крај се по­сра­ми­ле пред це­ла­та ма­ке­дон­ска и ме­ѓу­на­род­на јав­ност за си­те па­ри, што во из­ми­на­ти­те 11 го­ди­ни ги зе­ле ток­му од Гру­ев­ски. Ра­ни ку­че да те лае.

По­на­та­му, во пис­мо­то ве­лат „иди­ла­та на 11-го­диш­но­то вла­де­е­ње во кон­ти­ну­и­тет на ВМРО-ДПМНЕ бе­ше раз­о­ткри­е­на во 2016 го­ди­на, ко­га беа откри­е­ни го­ле­ми скан­да­ли на не­ов­ла­сте­но прис­лу­шу­ва­ње од стра­на на МВР на си­те тие што раз­мис­лу­ваа по­и­на­ку“. Бреј. Не слу­чај­но, ту­ку пот­свес­но овие ин­те­ле­кту­ал­ци и про­фе­со­ри збо­ру­ва­ат за иди­ла­та на 11-го­диш­но­то вла­де­е­ње на ВМРО-ДПМНЕ ко­га нај­го­лем дел од нив кле­чеа пред ка­би­не­тот на Гру­ев­ски и се ну­деа за раз­ни функ­ции. Ај­де да по­тсе­ти­ме де­ка ток­му проф. Ке­ке­нов­ски му се ну­де­ше на Гру­ев­ски да би­де пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ на прет­ход­ни­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри. Зна­чи да би­де кан­ди­дат од пар­ти­ја­та што се­га ја на­ре­ку­ва ма­фи­ја­шка. Де­мек, то­гаш ко­га Ке­ке­нов­ски се ну­де­ше да би­де кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел на РМ не би­ла ма­фи­ја­шка, а се­га на­ед­наш ста­на ма­фи­ја­шка и кри­ми­нал­на. Што е мно­гу, мно­гу е.

Да не ги отво­ра­ме до­си­е­ја­та на дру­ги­те „ду­ше­гриж­ни­ци“.Мо­же да се на­пи­ше цел фер­ман. Кри­ми­нал до кри­ми­нал. Дел од пот­пи­ша­ни­те на пис­мо­то се и про­фе­со­ри по пра­во, кои би мо­ра­ле да зна­ат де­ка не­ов­ла­сте­но­то прис­лу­шу­ва­ње кое, ка­ко што ве­лат, се слу­чу­ва­ло во МВР кон тие што раз­мис­лу­ва­ле по­и­на­ку, мо­ра и да го до­ка­жат. Да­ли има­ат увид во не­кои дру­ги ма­те­ри­ја­ли, кои јав­но­ста не ги знае, да­ли има­ат увид во не­што што ни­ту СЈО, на­вод­но, го не­ма, тре­ба се­ри­оз­но да се истра­жи и оце­ни. Да­ли овие ли­ца има­ат увид во не­ко­ја по­го­ле­ма ко­лек­ци­ја од не­ле­гал­но сни­ме­ни раз­го­во­ри за кои јав­но­ста знае де­ка е сѐ уште во ра­це­те на За­ев?

Од ка­де има­ат ин­фор­ма­ции де­ка дру­ги лу­ѓе, кои мис­ле­ле по­и­на­ку од вла­ста, би­ле прис­лу­шу­ва­ни од вла­ста!? По­тоа, ка­ко мо­жат ка­ко прав­ни­ци да се пот­пи­шат на пис­мо во кое се твр­ди де­ка во прис­лу­шу­ва­ни­те ма­те­ри­ја­ли би­ле откри­е­ни фи­нан­си­ски скан­да­ли, из­ну­ду­ва­ња па­ри, уце­ни и сл. ко­га во За­ко­нот за кри­вич­на­та по­стап­ка јас­но стои де­ка не­за­кон­ски со­бра­ни­те ин­фор­ма­ции не мо­жат да пос­лу­жат ка­ко ле­гал­ни до­ка­зи во по­стап­ка­та. Слуш­на­ле ли тие во­оп­што за пре­сумп­ци­ја на не­ви­ност, за за­ко­ни­тост на до­ка­зи и за мно­гу дру­ги на­че­ла врз кои е зас­но­ва­на кри­вич­на­та по­стап­ка или са­мо на хар­ти­ја се про­фе­со­ри по пра­во. Врв на сра­мот е кон­ста­та­ци­ја­та на­ве­де­на во пис­мо­то де­ка од тој мо­мент ко­га се об­ја­ви­ле „бом­би­те“ Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чи­ла со проб­ле­ми од кри­ми­нал­на при­ро­да, а не со иде­о­ло­шки су­дир. Од тој мо­мент, за­мис­ле­те, Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чи­ла со „би­тка за вла­де­е­ње на пра­во­то и за спро­ве­ду­ва­ње кри­вич­на од­го­вор­ност на кри­ми­на­ли­зи­ра­ни по­ли­ти­ча­ри“. Ни­ту еден збор за нив­ни­от ми­ле­ник, се­га од дру­га­та стра­на, ви­стин­ски­от кри­ми­на­лец-по­ли­ти­чар што го шти­тат со се­та си­ла, ни­ту збор за тоа ка­кво вла­де­е­ње на пра­во има во зем­ја во ко­ја За­ев се ос­ло­бо­ду­ва од го­не­ње со акт на СЈО, пре­ку по­га­зу­ва­ње на си­те прет­ход­ни дејс­тва пре­зе­ме­ни од су­дот, и со гру­бо га­зе­ње на си­те до­ка­зи што инф­ла­гран­ти до­ка­жу­ва­ат кри­ми­нал кај нив­ни­от парт­нер и кај нив­ни­те уд­ба­шки при­ја­тел­чи­ња. Ве­ли­ча­ње­то на про­ти­ву­став­но­то СЈО во си­сте­мот, не­од­го­вор­но­то на­ви­ва­ње во ко­рист на СЈО е до­пол­ни­те­лен срам за про­фе­со­ри­те прав­ни­ци пот­пи­ша­ни во пис­мо­то. Да се ве­ли­чи ор­ган што е срам за прав­на­та про­фе­си­ја зна­чи да си на исто срам­но ни­во на зна­е­ње ка­ко и јав­ни­те об­ви­ни­те­ли во тој про­ти­ву­ста­вен ор­ган. На­бе­ду­ва­ње­то и лаж­но­то ин­фор­ми­ра­ње во пис­мо­то де­ка ВМРО-ДПМНЕ отво­ри­ло вој­на про­тив ам­ба­са­до­ри­те на зем­ји­те-член­ки на ЕУ и на САД е гр­до из­вр­ту­ва­ње, кое не при­ле­га да би­де из­не­се­но во отво­ре­но пис­мо од про­фе­со­ри и од ин­те­ле­кту­ал­ци. Не­ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на не­за­вис­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од ни­ко­го, а нај­мал­ку на ам­ба­са­до­ри на ту­ѓи др­жа­ви, чиј­што ман­дат е јас­но де­фи­ни­ран во Ви­ен­ска­та кон­вен­ци­ја за дип­ло­мат­ски ра­бо­ти, е јас­на по­ра­ка и сиг­нал на пар­ти­ја­та што е на власт де­ка не­ма да доз­во­ли Ма­ке­до­ни­ја да ста­не ме­сто ка­де што се­кој ќе сви­ри та­ка ка­ко што са­ка и по но­ти што ги од­брал, и де­ка тоа е не­доз­во­ли­во и не­ма да се то­ле­ри­ра. Та­кво­то ме­ша­ње, та­кво­то не­по­ви­ка­но вр­ше­ње ра­бо­ти за сме­тка на друг, е гру­бо кр­ше­ње на си­те дип­ло­мат­ски про­то­ко­ли, кр­ше­ње на прин­ци­пи­те на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и по­ли­ти­ка и ди­рект­на по­вре­да на Уста­вот на РМ.

По­на­та­му, во пис­мо­то стои де­ка овие на­па­ди кон ам­ба­са­до­ри­те би­ле со цел да се „ма­ски­ра до­се­гаш­на­та пра­кти­ка на вла­де­е­ње со ко­руп­ци­ја и со це­лос­на при­ва­ти­за­ци­ја!?“. Гле­дај кој збо­ру­ва за це­лос­на­та при­ва­ти­за­ци­ја на др­жа­ва­та, па по­ло­ви­на од пот­пи­ша­ни­те на ди­ре­ктен или ин­ди­ре­ктен на­чин беа вклу­че­ни во нај­мрач­ни­те про­це­си на ма­ке­дон­ска­та при­ва­ти­за­ци­ја на­пра­ве­на не­ко­гаш, или ка­ко екс­пер­ти или ка­ко кон­сул­тан­ти. Доз­во­ли­ја да се огра­би це­ли­от оп­штес­твен имот на др­жа­ва­та со цел да се ста­ви во ра­це­те на не­кол­ку­ми­на оли­гар­си – нив­ни при­ја­те­ли, кои по­тоа де­бе­ло ги на­гра­ди­ја за та­ква­та ус­лу­га. И се­га тие лу­ѓе има­ат образ да збо­ру­ва­ат за прав­да, за пра­во и за ли­це­то на дру­ги­от? Најг­нас­но­то из­вр­ту­ва­ње со­др­жа­но во пис­мо­то е из­вр­ту­ва­ње­то на ви­сти­на­та за сред­ба­та ме­ѓу Гру­ев­ски и ру­ски­от ам­ба­са­дор со ди­рект­на им­пу­та­ци­ја де­ка Гру­ев­ски и не­го­ва­та пар­ти­ја се про­ру­ски на­стро­е­ни. Кон­ста­та­ци­ја­та де­ка „фи­ни­от на­чин на ко­му­ни­ка­ци­ја и пре­фи­не­ти­от дип­ло­мат­ски реч­ник на Гру­ев­ски со ру­ски­от ам­ба­са­дор“ овие го­ле­ми и уче­ни про­фе­со­ри ја изв­лек­ле од нив­но­то соз­на­ние де­ка Гру­ев­ски ја во­ди Ма­ке­до­ни­ја во пре­гра­тки­те на Ру­си­ја.

Да ре­зи­ми­рам. Це­ло­во пис­мо е до­каз де­ка хар­ти­ја­та тр­пи сѐ. По не­го­во­то чи­та­ње, нај­ве­ро­јат­но, и ам­ба­са­до­ри­те си рек­ле „аман, ве мо­лам, до­ста нѐ бра­не­вте. Ова е прем­но­гу ду­ри и за на­ши­от сто­мак“.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 232. број на неделникот „Република“, 10.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top