| четврток, 6 декември 2018 |

Би-би-си снима филм за Зорица Брунцлик „Жената која ја победи српската власт“

Според информацијата, Брунцлик ќе ја глумела британската актерка Хелен Бонам Картер, која инаку два пати е номинирана за Оскар

 

Ликот и делото на Зорица Брунцлик инспирирале британски продуценти да снимат филм за српската пејачка, објави „Вести онлајн“.
Наводно, работниот наслов на филмот е „Жената која ја победи српската власт“, а продуценти наскоро требало да дојдат на разговор во Белград.

Наш човек кој работи за Би-би-си, бележи „Вести онлајн“, неодамна разговарал со Мирољуб (сопругот на Зорица), но засега сите детали се деловна тајна бидејќи се работело за проект кој ќе чинел милион евра.

Според информацијата, Брунцлик ќе ја глумела британската актерка Хелен Бонам Картер, која инаку два пати е номинирана за Оскар.


Дејствието во филмот почнува во 1985 година кога Зорица Брунцлик како една од водечките ѕвезди во Југославија се омажила за Мирољуб Аранѓеловиќ, а акцентот ќе бил ставен на 90-тите и јавниот линч што го доживеале после 5 октомври 2000 година.

– Сценариото ќе биде засновано и на пријателството на Зорица со Мира Марковиќ за време на владеењето на Слободан Милошевиќ, а потоа и на се што доживеала кога дошло до смена на власта, од разговор во полиција, обивање на станот на нејзината ќерка и фрлање на бомби на куќата каде живеела со семејството. Мотив за сценаристот е начинот на кој сето тоа Зорица го преживеала и потоа се кренала како феникс од пепел, продолжила да снима хитови – тврдел добро упатен извор, пренесе „Вести онлајн“.

Според информацијата, Брунцлик ќе ја глумела британската актерка Хелен Бонам Картер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top