„Слободан шоу“ е насловот на мјузиклот кој го подготува српска театарска трупа во Косово чија тема е животот на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ.
Мјузиклот ќе игра од февруари во Грачаница, голема етничка српска енклава во централно Косово.
– Пробите ќе започнат во средината на месецов, а премиерата се планира в февруари – изјави за странските агенции, а пренесуваат српските медиуми композиторот на „Слободан шоу“, Марко Грубиќ.
Милошевиќ, претседателот на Србија беше соборен по големите протести во октомври 2000 година, почина во 2006 година, на 64 години, во неговата келија во Хаг, каде што му се судеше за воени злосторства.
Неговата вдовица Мира Марковиќ пребегна во Русија во 2003 година, по обвиненијата за корупција во Србија.
Авторка на текстот за мјузиклот е Јелена Боговац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.