| четврток, 6 декември 2018 |

Ни на небо, ни на земја: Панта живее во колиба без адреса на неколку метри височина

Панта Петровиќ од Пирот по 18 години минати на брод каде работел како медицински техничар, откако се вратил се одвоил од сите и решил да си изгради дом на дрво. Ја напуштил својата куќа и се преселил во близина на малото гратче Пирот, на околу 300 километри од Белград.

На лето вели живее во куќарката која самиот ја направил на дрво, а во зимскиот период престојува во пештера која добро ја опремил за живот и вели дека е долга околу 20 метри. Друштво има во козите, кокошките и мачките кои слободно шетаат по неговиот имот.

koliba

Луѓе ретко го посетуваат и признава дека понекогаш се чувствува осамено.

– Тука нема адреса, поштарот не смее да доаѓа. Ова е колиба без адреса на неколку метри висина. Ретко кога некој се приближува, изјавил Панта, гордиот градител на колибата.

Панта вели дека пензијата која ја прима му е сосема доволна за живот и верува дека колку повеќе им дава на другите, толку Господ повеќе ќе му врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top