Панта Петровиќ од Пирот по 18 години минати на брод каде работел како медицински техничар, откако се вратил се одвоил од сите и решил да си изгради дом на дрво. Ја напуштил својата куќа и се преселил во близина на малото гратче Пирот, на околу 300 километри од Белград.
На лето вели живее во куќарката која самиот ја направил на дрво, а во зимскиот период престојува во пештера која добро ја опремил за живот и вели дека е долга околу 20 метри. Друштво има во козите, кокошките и мачките кои слободно шетаат по неговиот имот.
Луѓе ретко го посетуваат и признава дека понекогаш се чувствува осамено.
– Тука нема адреса, поштарот не смее да доаѓа. Ова е колиба без адреса на неколку метри висина. Ретко кога некој се приближува, изјавил Панта, гордиот градител на колибата.
Панта вели дека пензијата која ја прима му е сосема доволна за живот и верува дека колку повеќе им дава на другите, толку Господ повеќе ќе му врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)