| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Ривалдо потпиша за Динамо Букурешт

rivaldinjo

Синот на легендарниот бразилски фудбалер и поранешен член на Барселона и Милан, Ривалдо синоќа потпиша за екипата на Динамо од Букурешт.

Младиот 21-годишен фудбалер ќе ја продолжи својата кариера во Европа, откако претходно имаше мала авантура во екипата на Боависта, каде не доби шанса за докажување. Во Јужна Америка настапуваше за матичниот клуб Моги Миро, а потоа и во Пајсандо и Интернасионал.

Притисокот врз него е голем поради кариерата на неговиот татко, според која медиумите секој негов потег го споредуваат со неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top