| четврток, 6 декември 2018 |

Наумче Мојсовски сеуште има сила да игра ракомет

Qatar 2015 M27 BIH vs MKD

Еден од нашите најдобри ракометари во последната деценија, Наумче Мојсоски вчера доби место во управниот одбор на РФМ со што се засилија шпекулациите дека стружанецот ќе ја заврши својата кариера и ќе се посвети на семејството и на ракометот од другата организациона страна.

Сепак Мојсовски демантираше дека нема намера да игра ракомет, туку зел период на одмор, бидејќи доби принова во семејството и наскоро од април оваа година пак ќе се врати на терените. Катарската Лахвија останува најреална опција, иако не е исклучена и можноста заради семејството да остане во нашата земја и потпише во македонскиот клуб.

Мојсовски го носеше дресот на Струга, Пелистер, Вардар и Металург, а покрај во Романија во странство играше и во Шпанија и во Катар. За македонската репрезентација последниот меч го одигра против Чешка во баражот за Светското првенство во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top