| четврток, 6 декември 2018 |

Се чудите зошто не слабеете – поради овие утрински навики не ги губите килограмите

диета
На диета сте, но не оди сè според планот? Дали сте размислувале за тоа дека несвесно го саботирате вашето физичко здравје, што потоа влијае врз вашиот изглед? Во продолжение прочитајте како го правите тоа.

Уште од утринските часови несвесно правите грешки кои сè уште влијаат на вашиот изглед и ве спречуваат да ја имате совршената линија кон која се стремите.
Иако сте дале сè од себе – сте се откажале од слатки, брза храна и газирани пијалоци, дури и редовно вежбате – кога ќе застанете над вага, резултатот не е каков што посакувате?
Дали некогаш сте помислиле на тоа дека вашите вообичаени утрински ритуали ве спречуваат во тоа да имате тело од соништата?

Ако сакате да ја добиете посакуваната тежина, веднаш треба да заборавите на овие четири навики.
1. Премногу долго спиење
Кога имате недостаток на сон, хормонот на стрес кортизол, кој се произведува тогаш, го зголемува вашиот апетит. Меѓутоа, ниту вишокот на сон не е добар за вашата линија, а резултатите од едно неодамнешно истражување откриле дека спиењето повеќе од 10 часа во текот на ноќта може да доведе до поголем индекс на телесната маса.
2. Подготвување во темница
Веднаш откако ќе се разбудите, кренете ги ролетните во собата. Зраците на утринското сонце го поттикнуваат вашиот метаболизам и му помагаат на телото да се разбуди. Дури 20 минути дневна светлина е доволно за да влијае врз индексот на телесната маса.

3. Не го местите креветот
Едно американско истражување покажало дека луѓето кои секое утро си го местат креветот, подобро спијат. Здравиот сон претставува и оптимален пат кон здравата тежина.
4. Лош појадок
Лекарите инсистираат на тоа секое утро да се почестите со вкусен и обилен појадок. Балансираниот појадок кој е сочинет од 600 калории ќе ви помогне да го следите својот дневен план на исхрана, истакнува едно истражување од Тел Авив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top