| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија тужи: Поради наводите за проституција, бара вртоглави – 150 милиони долари!

melani
Американската Прва дама Меланија Трамп, повторно го тужела за клевета британски “Дејли Меил”, поради објавување на информации дека, наводно, соработувала со агенции за ескорт придружба.

Меланија Трамп ја поднела тужбата за заштита на честа и достоинството против “Дејли меил” во Њујорк, а за компензација бара 150 милиони долари.

Првата тужба против британското издание Меланија ја поднела во Мериленд, меѓутоа, судијата ја отфрлил со објаснување дека не е надлежен да го разгледува случајот во кој некој од учесниците е од странство.

Во август 2016-тата година, словенечкото издание на весникот Сузи објавил информации за минатото на сопругата на американскиот претседател, кои потоа ги пренел Дејли Меил.

Во статијата се наведува дека Меланија Трамп претходно работела во агенција за модели во Њујорк, која меѓу другото, нудела и ескорт придружба.

Компанијата која го издава весникот Сузи навела дека тие никогаш не тврделе дека сопругата на американскиот претседател нудела такви услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top