| четврток, 6 декември 2018 |

Венчавка од пеколот: Ја уништи невестата пред сите и си замина од свадбата

svadba

Свадбите најчесто се едни од најубавите моменти во животот на луѓето, но овој случај е малку поинаков. На една свадбена веселба младоженец од Велика Британија решил да изнесе валкани детали и тоа пред сите гости. Се што се одвивало на свадбата еден од присутните на церемонијата го раскажал во емисијата „The Graham Norton Show“ .

– Младоженецот стана и им рече на сите гости убаво да ги погледнат своите чинии. Потоа ги замоли сите кои имаат црвена точка на чинијата да станат, што осуммина од гостите и го направија и останаа на нозе, раскажал Шон кој присутствувал на свадбата.

– Кога сите помислија дека станува збор за некоја игра во која мажите што стоеја нешто ќе треба да прават, младоженецот соопшти – „Oва се луѓето кои спиеја со мојата жена додека ние бевме верени. Во овој момент веднаш барам поништување на бракот“.

Откако го рекол веднаш заминал, а сите пристуни останале вчудоневидени од неговиот потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top