| четврток, 6 декември 2018 |

Историјата се повторува, кога Њу Ингланд го освојуваат Супербол, тогаш и Челси е шампион

Њу Ингланд патриотс се вратија од ’мртвите’ и стигнаа до голем триумф во Супербоул, совладувајќи ја Атланта фалконс по продолжение со 34-28, а тоа има големо значење и за развојот на настаните во Премиер – лигата. Барем така најавуваат прецизните статистичари, кои се потсетуваат на случувањата од минатото… Па така…

Кога „патриотите“ во 2005 година, го освоија Супербоул, лондонски Челси таа година стана првак на Англија.

Кога Њу Ингланд патриотс во 2015 година го освои Супербоул, и тогаш Челси повторно стана шампион во Премиер лигата.

Сега е 2017 година, Патриотс го освоија Супербоул, а Челси е лидер во Премиер – лигата, со девет бода повеќе од Тотенхем и 10 бода позитива во однос на Манчестер сити. Очигледно, некои работи од историјата циклично се повторуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top