Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека можно е министерот за правда Флорин Јордаке да поднесе оставка или да биде разрешен. Но, одлуката ќе биде донесена в среда или в четврток по изгласувањето на буџетот за 2017 година.
– Изјавив дека треба да поминат два дена, во кои ќе се разговара: првиот ден за буџетот, а вториот ден – за изгласување недоверба, посочи Гриндеану.
Тој потврди дека очекува оставка од министерот Јордаке или негово разрешување од функцијата.
– Се разбира тоа се демократски етапи, може да биде разрешена цела Влада, ако помина гласањето недоверба, посочи романскиот премиер.
Минатата недела опозициските Национално-либерална партија и Сојуз за спас на Романија поднесоа барање за изгласување на недоверба на Владата на социјалдемократот Гриндеану поради предлог-законот за измени на антикорупцискиот закон што предизвика масовни демонстрации.
Во Букурешт и други градови во земјата и во странство и денеска продолжуваат демонстрациите и покрај тоа што за време на викендот беше повлечен предлог-законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.