Новиот тренер на Палермо, Диего Лопез, дебитираше со голем освоен бод на тешкото гостување на „Сан Паоло“ против Наполи минатиот викенд, а ова коло успеа да оствари уште поважна победа на вториот натпревар како предводник на Сицилијанците, и тоа најмногу благодарение на Илија Несторовски.
Нашиот феноменален голгетер го постигна единствениот гол за Палермо во минималната победа од 1:0 над Кротоне, и на тој начин уште еднаш ја понесе улогата на херој со својот деветти сезонски гол во италијанската Серија А.
Тоа го посочи и тренерот Лопез по крајот на средбата на „Ренцо Барбера“, кој дополни дека е воодушевен од македонскиот напаѓач кој според него мора да добива поголема помош од своите соиграчи.
– Кога играте добро и не добивате ништо за возврат, знам дека работите изгледаат многу тешко. Сите го знаеме тоа. Но кога го имате Несторовски во тимот се е полесно. Тој е многу важен играч за нас, мораме да му помогнеме за да постигнува голови. Мора да му создаваме повеќе шанси за гол. Што се однесува до него, потребно е само еднаш да се најде во шеснаесетникот за да постигне гол и да реши натпревар, – порачал Диего Лопез за „Скај Италија по крајот на мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Неверојатно: Селекторот на „сомбрероси“ на натпреварот ја донел и жената и љубовницата
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови