Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правца и на обиколницата околу Скопје.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информира Автомотосојузот на Македонија.
На останатите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација која се однесува за македонската страна на премините.
На Аеродромот „Александар Велики“-Скопје, на кој авиосообраќајот вчера беше во прекин поради маглата, утрово со исклучок на откажаното полетување за Виена, реализирани се полетувања за Белград, Дортмунд, Загреб, Брисел и Стокхолм, а ноќеска по полноќ пристигнале и авионите од Белград и Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.