| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Трамп двапати и ја пушти раката на Меланија?

Неколку дена на големо се говори за држењето раце меѓу Доналд и Меланија Трамп. Темата е поттикната од снимката на која се гледа како по излегувањето од авион, Меланија се обидува да го фати Доналд за рака, а тој ја отфрла.

– Обично, држењето за раце кај двојките означува заедништво. Но, мислам дека со ова претседателот испраќа порака – сакам да ме видат како претседател кој самостојно одлучува – вели Пети Вуд, американска експертка за говор на телото, објави „Дејли мејл“.

Откако Доналд на Меланија и ја пушти раката, таа повторно се обиде да го фати за рака. Тој ја погали по раката и повторно ја пушти. Начинот на кој тоа го сторил, со отворена дланка и раширени прсти, не е гест на нежност, смета Вуд.

– Ако со својата рака ја опфатеше нејзината или ја бакнеше, тоа ќе беше гест на нежност – изјави Вуд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top