| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец е најдобар фудбалер во Словенија

Агим Ибраими е човекот кој што е прогласен за најдобар фудбалер во првенството на Словенија за 2012/2013 година

agim ibraimi
Здружението на професионалните фудбалери во Словенија без многу размислување го прогласи репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими за најдобар фудбалер во првенството во сезоната 2012/2013.
Во изборот право на глас имаа неговите колеги од сите клубови од првенствата на Словенија, а нашиот интернационалец доби 60 гласа.
Позади него завршиле фудбалерите на Олимпија, Никола Никезиќ и Ник Омладиќ кои имале по 19 односно 15 гласа.
Агим Ибраими нормално е дел и од идеалниот тим на шампионатот во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top