Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и повика дека амбасадорот и персоналот ќе одговараат ако зазеле страна во изборите.
– Ќе биде скандалозно ако нашиот амбасадор или некој од нашиот персонал во американската амбасада во Скопје фатил страна во последните избори или кои било избори во минатото, сега и во иднината, тоа воопшто не е фер. Ние сакаме да дојдеме до коренот на проблемот, ние ги немаме одговорите на овие прашања. Ние бараме да се направи истрага и ако тие го прекршиле законот, тие мора да одговараат – изјави Смит.
Крунски доказ за фaвoризирањето на СДСМ од страна на Џес Бејли и неговиот персонал е неговата слика пред штабот на СДСМ во Охрид, од која се гледа како тој со група активисти на партијата во предизборниот период стојат пред вратата на просториите на штабот.
Покрај Бејли, во друштво на лица од СДСМ може да се забележи и раководителот на правен сектор во Амбасадата на САД, Кристина Каранакова, која е во често друштво на Цветанка Ласкова, претседателка на организацијата на жени на СДСМ.
Јавноста памети кога во медиумите минатата година излегуваа многу информации и слики дека ќерката на Кристина Каранакова, Бисера Каранакова, е чест посетител на протестите на „Шарената револуција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Велиновска: Го разбирам Бејли, се надева дека може да избега од пишаното
-
Вечерва официјално потврдено: Покренато обвиниение против Бејли за активностите во Македонија
-
Договорот од Пржино е добра основа за надминување на политичката криза во земјата