Му здодеал градскиот метеж и урбаниот живот, па се отуѓил во шума.
Некогаш успешниот адвокат од Москва, Јуриј Алексеев веќе петта година живее осаменички живот во подземна колиба што ја изградил самиот.
-Познавав луѓе што работеа под стрес по 12 часа дневно и повторно не можеа да обезбедат свој покрив над главата. Јас го пронајдов својот дом и својот мир – вели 49-годишниот Јуриј, кому единствено друштво му е дивиот зајак Петрушка, со кого се зближил пред две години, но и 4.500 книги, колку што има во дрвената колиба.
Тој вели дека за неговата богата домашна библиотека слушнале многу ентузијасти, кои со денови се пробивале низ шумата за да го пронајдат и да си разменат книги со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)