| четврток, 6 декември 2018 |

Успешен адвокат живее како хобит ­во колиба во која има 4.500 книги (Видео)

Му здодеал градскиот метеж и урбаниот живот, па се отуѓил во шума.

Некогаш успешниот адвокат од Москва, Јуриј Алексеев веќе петта година живее осаменички живот во подземна колиба што ја изградил самиот.

-Познавав луѓе што работеа под стрес по 12 часа дневно и повторно не можеа да обезбедат свој покрив над главата. Јас го пронајдов својот дом и својот мир – вели 49-­годишниот Јуриј, кому единствено друштво му е дивиот зајак Петрушка, со кого се зближил пред две години, но и 4.500­ книги, колку што има во дрвената колиба.

Тој вели дека за неговата богата домашна библиотека слушнале многу ентузијасти, кои со денови се пробивале низ шумата за да го пронајдат и да си разменат книги со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top