| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Могерини да реагира на однесувањето на Приштина

ву

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска побара реакција од шефот на европската дипломатија Федерика Могерини и нејзиниот тим на однесувањето на Приштина. Тој потсети дека од ЕУ јасно рекле дека ќе се реагира ако некој го прекрши договорот постигнат синоќа. ­

-Сакам јасно да се стави до знаење дека тоа го направила албанската страна, а се друго би било бегање од одговорност- изјави Вучиќ во Рашка.

Тој додаде дека не мисли оти ЕУ била еднострана, туку дека се случувале чудни работи и дека ниту тие не биле „свесни што се случува“, јави Танјуг.

-Мислам дека се обидоа да ни помогнат да го сочуваме мирот… Но, тоа дека сите се еднакво виновни, тоа не е можно- изјави Вучиќ.

Премиерот на Србија наведе дека на 8 декември со претставници на ЕУ е договорено се во врска со мостот во северна Косовска Митровица и потоа Приштина тргнала во пропаганда и хајка дека таа ограда, тој ѕид мора да биде урнат. Тоа, според него покажува дека ништо од договорот не се почитува од страна на Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top