По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум.
– За жал, очигледно е дека договорот што го склучија двете страни, а беше добар и за двете земји, не помина во Македонија и на народот тој не му се допадна, кажа Вучиќ, и додаде дека „место тоа да се признае, се играме со разни математички формули, се лажеме самите – мнозинството од ова, мнозинството од она. А една од причините за ова е тоа што му беше понудено на обичниот народ, дека не му беше привлечно, како што мислеа во Европа. И да, тоа е точно, ветувањата од Европа на народот не им беа привлечни“, оцени Вучиќ.
Србија нема аспирации да се зачлени во НАТО, изјави Вучиќ, но затоа на Македонија и е ветено зачленувањето во Алијансата, како и во ЕУ.
Тој констатираше дека на целиот регион, како и на Србија, кога се даваат ветувања од ЕУ, тие треба да бидат сигурни и истите мора да се исполнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Вучиќ: Народот во Македонија донесе јасна одлука и нема како некои други да ја игнорирам