Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска побара реакција од шефот на европската дипломатија Федерика Могерини и нејзиниот тим на однесувањето на Приштина. Тој потсети дека од ЕУ јасно рекле дека ќе се реагира ако некој го прекрши договорот постигнат синоќа.
-Сакам јасно да се стави до знаење дека тоа го направила албанската страна, а се друго би било бегање од одговорност- изјави Вучиќ во Рашка.
Тој додаде дека не мисли оти ЕУ била еднострана, туку дека се случувале чудни работи и дека ниту тие не биле „свесни што се случува“, јави Танјуг.
-Мислам дека се обидоа да ни помогнат да го сочуваме мирот… Но, тоа дека сите се еднакво виновни, тоа не е можно- изјави Вучиќ.
Премиерот на Србија наведе дека на 8 декември со претставници на ЕУ е договорено се во врска со мостот во северна Косовска Митровица и потоа Приштина тргнала во пропаганда и хајка дека таа ограда, тој ѕид мора да биде урнат. Тоа, според него покажува дека ништо од договорот не се почитува од страна на Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста