Меѓутоа, додека Трамп и натаму докажува дали е воопшто способен да ја води земјата, за Меланија се шпекулира дека не е дорасната за улогата „прва дама“, ниту дека на вистински начин ќе ја презентира Белата куќа. Сепак, Дејвид Тенг, редовен колумнист на угледниот Фајненшл Тајмс, мисли дека Меланија нема да биде лоша колку што мислат луѓето.
-Сигурен сум дека ќе биде добра. Секој имигрант кој почнува да работи уште како адолесцент и успешно преживува во Америка, мора да биде паметен. Меланија исто така зборува пет јазици, а повеќето луѓе, посебно противниците на Трамп, не ја сметаат за паметна. Како и нејзиниот сопруг, кој без сомнение, работите ќе ги води поразлично во Белата Куќа, Меланија ќе внесе нешто нов во Белата куќа. Таа е прекрасна жена, на дистанца, а дури и да имала некои пластични операции во минатото, истите повеќе не и се потребни. Исто така, би требало да почне да носи помалку облека на долниот дел од телото, и да избегнува облека која ја прави покрупна. Нејзината витка фигура ќе изгледа прекрасно во било која поедноставна комбинација или тоалета – вели Танг, кој често им одговара на прашањата на читателите на најразлични теми.
Кога била запрашана како се гледа себе како прва дама, Меланија Трамп рекла дека би сакала да биде како Бети Форд или Џеки Кенеди.
-Меланија секако поседува доза на гламур и би можела да биде како Џеки Кенеди. Нема ништо лошо во тоа малку да ја разбрани Белата куќа, која во претходните три децении е исполнета со мачната буржоазиска атмосфера на Буш, Клинтон и Обама. А, кога веќе ја споменуваме Џеки Кенеди, не можам да не поставам контра-прашање: Што ќе се случеше ако беше убиен Хрушчов, а не Џон Ф. Кенеди? Одговор: Аристотел Оназис немаше да се ожени со госпоѓа Хрушчов – додава Танг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.