Горан Котаран, серискиот убиец од Дубица, Босна и Херцеговина, во 2006 година беше осуден на 16 години затвор, казната ја издржува во затворот во Фоча и е вистинска опасност за неговата околина, пишуваат балканските медиуми.
Таму сите имаат страв од него, почнувајќи од останатите затвореници, па до стражарите и луѓето кои одат на посета во затворот.
– Тој е осуденик на кого стражарите посебно внимаваат. Во келијата е сам, а поради безбедност на останатите затвореници и келиите околу неговата се празни. Речиси половина ходник е изолиран заради него. Затворениците раскажуваат дека убиствата за кои е осуден се само дел од злосторствата кои ги има направено. Го викаат Монструмот од Дубица, но и Ханибал Лектор и ретко кога комуницира со останатите затвореници. Стражарите се многу внимателни и спремни на се од него, а имаат и дозвола да пукаат во него ако се обиде да направи било што, раскажал извор до затворот Фоча за српски Телеграф.
Таткото на Горан, Душан Котаран своевремено бил еден од шефовите на подземјето со чие име, се поврзува и трговија со бело робје. Постојат сомневања дека и поради тоа е убиен во декември, 1999 година, во кафеана во Дубица, а на убиството сведочел и неговиот син Горан.
По смртта на неговиот татко, Горан заминал за Шведска, со неполни 17 години, кај својата мајка. Таму извршува две убиства, но по психијатриските прегледи е депортиран во БиХ, со дијагноза психички нестабилно лице. Бидејќи не бил хоспитализиран, за неговата состојба и однесување сведочела баба му Стана.
– Мислев дека кога ќе ме вратат во Босна некој ќе ме спроведе дирекно на лечење во психијатриска устанаво, но наместо тоа полицаецот ме остави дома и повеќе воопшто не се појави, изјавил своевремено Котаран.
Во јуни, 2006 година, Горан заедно со своите двајца полубраќа по мајка, Мирослав Глигиќ (30) и Борислав Дабиќ (24), биле уапсени под сомнение дека ги задавил Предраг Врбан (31) и Сеад Кануриќ (49), а нивните тела ги сокриле во кокошарник. Оваа тројка во босанска Дубица ја апсела чета од сто полицајци.
По нивното апсење била претресена куќата на Которанови, во која биле пронајдени два пушкомитралези, автоматски пушки, зољи, три бомби, повеќе пиштоли, ладно оружје, уреди за ноќно набљудување како и алат со кој биле закопани телата на споменатите жртви. Исто така таму нашле и дрога и шприцеви.
Кога била изречена пресудата, Котаран побарал само едно – да биде подложен на ново психијатриско вештачење.
– Јас сум болна личност и ако во наредните 16 години во затвор ми биде овозможено лекување, на слобода ќе излезам нормален, изјавил тој. На судењето истакнал дека бил нормална личност сè додека пред негови очи не го убиле неговиот татко.
Инаку затворот каде Котаран ја издржува својата казна е еден од најголемите и најбезбедните во БиХ, а уште во времето на поранешна Југославија важел за еден од „најтешките“ затвори на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Нишки „Ханибал Лектор“: Го убил цимерот, му го одгризал ушите, а на судење дошол со маица „666“