| четврток, 6 декември 2018 |

Нишки „Ханибал Лектор“: Го убил цимерот, му го одгризал ушите, а на судење дошол со маица „666“

Почна судењето на нишкиот „Ханибал Лектор“, Марко Јовановиќ (28) за кој се соменува дека пред година и пол го убил цимерот Р.Ш. во затворската ќелија во Падинска Скела, а потоа ги сечел со жилет и му ги одгризал ушите. На судењето се појавил со маица на која пишува „666“ за што се верува дека е ѓаволски симбол.

Јовановиќ на судењењето дошол со маицата која претставува симбол на сатаната.

– Во судницата влезе како манекен. Чист, уреден и убаво облечен. Но, сите беа згрозени кога на неговата маица ги виделе трите шестки – вели извор од суд за „Блиц“.

На прашањето на судијата да се изјасни за обвиненијата, не говорел многу.

– Не сакам да говорам за тоа. Не станува збор за судир, ниту завист, туку за несреќен случај – изјавил Јовановиќ.

Обдукцијата покажала дека Јовановиќ прво го задавил цимерот, а потоа со жилет го сечел по вратот. На крај му ги одгризал ушите.

Чуварите го затекнале со крвава уста, а на убиениот му недостигале делови од ушите. На ѕидовите со крв биле испишани некакви знаци.

Јовановиќ и убиениот Р. Ш. два месеци ја делеле ќелијата во Казнено-поравниот задов Нова Скела.

По убиството, затворениците тврделе дека жртвата со денови, физички и психички го малтретирала Јовановиќ, а наводно, од него барал сексуално да го задоволува. Но, никој од затворениците не сакал тоа тврдење да го потврди на суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top