Научниците овојпат тврдат дека пресметале колку точно време е навистина потребно за една жена физички и психички потполно да се опорави од бременоста – и тој број е значајно поголем.
Доктор Џули Вреј од Универзитетот Салфорд во Велика Британија и нејзиниот тим утврдиле дека на една жена и е потребен период од една година за во потполност да заздрави од породувањето. До таквиот заклучок дошле после разговорот со група од жени коишто се породиле два до седум месеци претходно.
Всушност бременоста иако претставува најубав период во животот на една жена, тоа е истовремено и огромен шок за нејзиното тело. Нејзините органи се поместуваат, а жената доживува и огромни хормонални промени. Исто така, модерните жени се и под огромен притисок поради работата и изгледот.
До пред неколку години мајките можеле повеќе да се потпрат на поддршката од страна на семејството и прочуениот “баба сервис”, кога се работи за обврските околу бебето, особено ако се работи за прво породување. Но, како што се променил и забрзал начинот на живот, така и жените најчесто остануваат сами со детето.
Па така, денес родилките се побрзо излегуваат од болница. Во Велика Британија некои болници ги отпуштаат мајките и бебињата дури после само шест часа од породувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.