| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите го сменија ракометниот селектор, но и Балиќ и Метличиќ

Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација го разреши селекторот Жељко Бабиќ од функцијата. Медиумите и фановите изразија огромно незадоволство од работата на довчерашниот селектор, особено по прокоцканата предност од осум гола при поразот од Словенија на штотуку завршененото Светско првество во Франција.

Заедно со него откази добија и легендите на хрватскиот ракомет, Ивано Балиќ како координатор и Перо Метличиќ како прв асистент во стручниот штаб.

Хрватската јавност продолжува со шпекулациите околу името на новиот селектор, при што најгласно се споменува актуелниот кормилар на македонската репрезентација, Лино Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top