Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, коментирајќи ја изјавата на заменикот-помошник државен секретар на САД, Филип Рикер, дека тој е одговорен за блокирањето на спогодбата за решавање на прашањето на недвижниот воен имот, истакна дека Рикер се меша во внатрешните работи на една земја.
– Бидејќи сум обележан дека го сопирам натамошниот пат на БиХ во НАТО, сега кога влегувам во авион треба да размислувам дали работат сите инструменти или првиот рид е мој. Сега некој ќе рече дека тресам глупости, но сакате да кажете дека тоа не се случувало во минатото и така се решавале некои луѓе – вели Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


