Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа убедлива победа од 4-0 против тимот на Виган, во рамките на 4. коло од ФА Купот. По натпреварот тренерот Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од резултатот, а за првпат оваа сезона место во стартната постава доби и „заборавениот“ Бастијан Швајнштајгер.
– Ние заслуживме да победиме. Во првото полувреме и не беше така едноставно, но по советите на одморот кон фудбалерите тие во вториот дел комплетно заслужија висока оценка – изјави Мурињо.
Во продолжение тој изјави дека Швајнштајгер добро ги одработил зададените задачи и дека му се потребни уште некој натпревар за да биде целосно подготвен.
– Немаме многу опции на средината на теренот, па очигледно дека Швајни ни е потребен. 90 минути за денес веројатно беа тешки, но мислам дека сепак е среќен. Тој беше добар професионалец и кога не играше, па сега во следниот период мислам дека ќе добие повеќе минути, а тоа ќе знае да го искористи – заврши Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот