| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го победи и Азербејџан во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација го победи и Азербејџан во третата зона од Дејвис купот во Сан Марино, па како првопласирана го чека противникот за клучниот полуфинален дуел, што ќе одлучи за пласман во повисок ранг на натпревари. Попладнево одлично деби во националниот дрес имаше 16-годишниот Давид Мицевски, а неговата победа од 6-0, 6-1 против Гулиев ни донесе предност од 1-0 во поени. Победата ја запечати Стефан Мицов со идентично уверлив настап против Манафли и успех со 6-1,6-0. И во игра на двојки, тинејџерите од Македонија беа убедливи со противниците што ги победија во поединечните мечеви, па и тука Мицевски и Мицов славеа со 6-1,6-0, за конечни Македонија – Азербејџан 3-0.

 

Утре ќе играме против Грција или Норвешка, за пласман во втората евроафриканска зона. Со ждрепка ќе биде одлучено која од овие две селекции ќе ни биоде противник. И двете репрезентации ги имаме победено во 2006 година и тоа на гостински терен.

Грците ги преслушавме во Атина во април со 4-1, а Норвешка „падна“ во Осло два месеци подоцна со 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top