Покрај големите тензии меѓу САД и Мексико поради ѕидот што планира да го изгради Доналд Трамп, првата дама на САД на насловната на мексиканското издание на Венити фер позира во луксузно издание.
Насловната на мексиканското издание на „Венити фер“ со Меланија Трамп предизвика негативни коментари на социјалните мрежи. Првата дама на САД позира во луксузно издание додека „јаде“ скапоцен накит како тестенини.
Оваа насловна на Мексиканците им дојде како „шлаг на тортата“. Токму во времето кога Трамп планира изградба на ѕид на границата со Мексико, а одлучил да наметне и царина од 20 отсто на увозот од Мексико.
Затоа на сите им е јасно зошто Мексиканците се бесни на „Венити фер“.
Многумина сметаат дека магазинот со овој потег ги понижил Мексико и сите негови државјавни. Други, пак, го повикаа „Конде наст“, издавачот на „Венити фер“, целосно го повлече спорниот број од продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.