Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека се уште не постои решение за тоа како рамномерно да се подели товарот на миграцијата меѓу членките на Европската унија.
Таа изјави дека ќе инсистира на „трошка солидарност“ на сите земји-членки на Унијата, но нагласи дека не може да знае како ќе се одвиваат работите.
Проблемот веќе со години ги вознемирува 28-те земји-членки, но неговата кулминација беше по ненадејниот прилив на стотици илјади мигранти во Европа во 2015 година.
Германија презеде поголем дел од мигрантите, но инстирира и други земји да учествуваат или со прифаќање мигранти или со давање материјални средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.