Екипата на Палермо го претстави новиот тренер, Диего Лопез, кој на прес-конференцијата за новинарите не заборави на нашиот Илија Несторовски, кој е најдобриот стрелец на Сицилијанците.
– Ќе се обидам да ја градам играта според потребите на Несторовски. Знаев дека ќе бидам запрашан за него, бидејќи тој е најдобриот играч оваа сезона. Иако нема постигнато погодок подолго време, тој не е во криза и е гладен за голови. Според неговите игри се гледа дека тој верува во опстанокот на екипата, како и јас. Тој трча многу на теренот, единствено ќе треба да го ставиме во добра позиција и тој ќе не награди со гол – рече Лопез.
Палермо ќе бара бодови на тешкото гостување кај Наполи, во дебитантскиот натпревар на Диего Лопез, што ќе биде исклучително тежок за докажување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б