Словенија ниту еднаш не водеше и не успеа да стигне до шанса за победа и за да се пласира во финалето на Светското првенство, бидејќи очекувано загуби од Франција во Париз со 31-25. Црногорскиот стручњак и поранешен македонски селектор, Веселин Вујовиќ реално им честита на подобрите ривали.
– Не одигравме онака како што треба, но сметам дека во оваа атмосфера дури и да игравме подобро, немаше да ја победиме Франција. Тие се најдобриот тим и едно е кога ги гледате на телевизија, а друго е кога сте против нив на теренот. Им дозволивме да постигнат премногу лесни голови, што Франција секако знаеше како да го искористи. Немам никаква намера да ги критикувам моите играчи, не се посрамотивме и треба да се одмориме и да се бориме за бронзениот медал без разлика со кого ќе играме – рече Вујовиќ.
Словенија никогаш не освоила медал на Светско првенство, а пред четири години во Шпанија го освоија четвртото место во досега нивното единствено полуфинале на мундијалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.