| четврток, 6 декември 2018 |

На кралското семејство воопшто не му е лесно: Овие обврски мора секој ден да ги извршуваат!

Британците, но и луѓето до целиот свет со големо внимание го следат секој чекор на британското  кралско семејство. Дали  за нивната популарност допринела харизмата на покојната лејди Дајана, долговечниот и нескршливиот дух на кралицата Елизабета Втора или пак  шармот  и убавината на принцот Вилијам и неговата Кејт – прашање кое интригира многумина, но нивната популарност  е неоспорна. Голем број обожавателиги знаат полните имиња на членовите на семејството, наследниците на тронот, па дури и некои помалку познати детали на кралското стебло. Но, без оглед на секојдневните папарацо фотографии и новински извештаи, понекогаш е тешко да се разбере и што членовите на кралското семејство нависна секојдневно работат.

Секако, не се грижат за парите. Па, ако не мора да работата, со што тогаш се занимаваат од утро до вечер  – се прашуваат многумина, а новинарите на Индепендетн го даваат одговорот.

Да почнеме со најважната личност на британскиот трон, кралицата Елизабета. 90 – годишната баба на Вилијам има и тоа како исполнет календар на различни секојдневни активности, кои помеѓу другото, вклучуваат дипломатски патувања, хостинг на шефовите на држави, отворање на седниците на парламентот, доделување на награди и дружење со заслужни граѓани и вршители на разни должности од подрачјето на уметноста, војската, науката и слично.

Британскиот Телеграф неодамна изнесе податоци дека кралицата во 2015 година одработила ни помалку ни повеќе туку 341 такви настани, што е повеќе од севкупниот број на задачите кои во таа година ги извршиле принцот Хари, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Импресивна бројка на  работни обврски за 90 – годишна жена.

Покрај сите државнички обврски, кралицата може да се пофали и импресивна хуманитарна работа. На нејзиниот 90. Роденден во април 2016 година објавен е податокот дека таа лично е во служба на покровител на дури 600 хуманитарни организации. Сепак, неодамна од Бакингемската палата пристигна информација дека некои од улогите во спомнатите организации сепак ќе им ги препушти на помладите членови на семејството. Затоа што, една од нивните задачи е токму тоа – да ја поддржуваат кралицата и бидат таму каде што е таа спечена да биде.

Доколку пак зборуваме за кралското семејство како за тим луѓе кои заедно работат, доаѓаме до податоци дека на годишно ниво пречекуваат 70 000 гости, одработуваат повеќе од 2000 различни должности и состаноци, одговараат на дури 100 000 писма, дознава Индепендент.

Сопругот на кралицата Филип лично е задолжен за 800 хуманитарни организации, додека нивниот најстар син Чарлс во друштво на сопругата Камила често има задолжителни  патувања на разни државнички настани и посети ширум светот, како и на оние во родната Велика Британија.

Неколку членови од кралското семејство во текот на годините повремено и работеле на работи кои не се поврзани со титулите кои ги носат. Така, на пример, најмладиот син на кралицата Едварад работел за Ендру Лојд Вебер театрите, додека неговата сопруга има приватна ПР агенција.

Синот на Елизабета, Ендрју работел во владата, а Ана, единствената ќерка на кралицата настапувала како олимпијка во британскиот коњички тим.

Семејството има и долга војна историја. Кралицата, нејзините три сина, но и внуците Вилијам и Хари служеле во британската војска. Спомнатите кралски имиња во целост се зафатени со обврските кои им се наметнати со раѓањето.

Сепак, и во нивните редови постојат неколку исклучоци. Така на пример, внуките на кралицата Беатрис и Јуџин, моментално седумнаесетто и осумнаесетто име во редот за престол, имаат дневни, „обични“ граѓански професии. Јуџин е помошник на директор во уметничка галерија, додека Беатрис, според нејзините  зборови, остварува кариера во бизнис светот.

Принцот Мајкл, внукот на кралицата, има своја консултантска компанија, а неговата сопруга е дизајнерка на ентериер.

извор: македонија денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top