Седумгодишно момче со кујнски нож го избодел постариот 14-годишен брат во грбот по расправија за игра на компјутер.
– Вчера околу 9 часот во Дебар, во домот на Б.А. на улицата „Ибраим Колари“ во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче – браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го избодел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка – соопшти денеска МВР.
Сосетка го однела повреденото момче во Клиничкиот центар во Дебар од каде што, по укажаната медицинска помош, со возило на Итна медицинска помош било препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.