| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ: Да се игра против најсилниот тим во историјата е остварување на сонот

veseiln vujovic

Веселин Вујовиќ направи одлична работа со словенечката репрезентација и ја однесе во полуфиналето на Светското ракометно првенство во Франција. Словенија убедливо го победи Катар и обезбеди дуел со домаќинот, кој ќе биде последната пречка до финалниот натпревар во Париз.

Црногорскиот стручњак говореше пред одлучувачкиот меч со домашната репрезентација, за која има само комплименти и пофални зборови.

– Ова е специјален натпревар за нас затоа што играме против Франција, која можеби е најдобрата репрезентација во последните 20 години. Ова е мојот сон, да се игра против Французите во Париз пред преполна сала за пласман во финалето. Имаме млада репрезентација, но јас ќе се обидам да го отстранам притисокот на моите играчи со тоа што ќе им порачам да уживаат во натпреварот. Разбирам дека не им е лесно, бидејќи пред само две години му го бараа дресот на Карабатиќ, а сега ќе мора да му се спротистават на теренот. Не е невозможно да ги победиме, но почитта е секогаш тука, за нивните играчи кои се перфектни. Сега се наоѓаме во најдобрата четворка во светот и ќе се обидеме да забележиме барем една победа, која што ќе ни донесе медал – вели Црногорецот.

Ракометниот спектакл во Франција продолжува вечерва со првиот полуфинален меч помеѓу Франција и Словенија, кој ќе се одигра во терминот од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top