Стоматолог од Њу Џерси доби казна од 1,1 милион долари, затоа што го преземал идентитетот на починат колега, бидејќи ја загубил својата дозвола и од државното здравствено осигурување наплатувал трошоци за услугите кои ги давал.
Педесет и осумгодишниот стоматолог Рубен Бруким е исклучен од сите федерални здравствени програми во траење од 50 години. Тоа е едно од најдолгите исклучувања кое го нареди американското Министерство за здравство.
Федералните власти соопштија дека Бруким почнал да поднесува лажни сметки до владината социјална програма за здравствено осигурување на име на починатиот колега Џон Киркленд, бидејќи неговата дозвола му е одземена во 2004 година.
Тој е обвинет за фалсификување на извештаи, а во 2014 година бил девет месеци во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комората му ја одзеде лиценцата на докторот кој мамеше пациентка дека е бремена
-
Никола Дамчевски, гинекологот што ги лажеше пациентките дека се бремени остана без лиценца
-
Руски стоматолог ѝ извадил 22 здрави заби на една жена
-
Пајташите на Заев сакаат уште: „Струмица гас“ бара обновување на лиценцата