| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО со откажувањето на случајот „Пуч“ го аболицира Зоран Заев

Срамна и скандалозна е одлуката на СЈО да го повлече обвинението за „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Специјалната обивнителка наместо да го гони лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се става во негова заштита, посочија и денеска.

-Катица Јанева шести ден се крие и не коментира ништо околу срамната и скандалозна одлука да се повлече од предметот „Пуч“ и директно да се стави во заштита на аболицираниот Зоран Заев.
Го нема ниту Зоран Заев, да побара преиспитување на одлуката, укинување на аболицијата и враќање на предметот во суд каде ќе се докаже дали е одговорен за криминалот или не.
Додека Катица Јанева и Зоран Заев се кријат и молчат, целата јавност ги очекува одговорите зошто Ѕвонко Костовски потпишал спогодба со судот и го признал делото? Дали на Ѕвонко Костовски, според Катица Јанева му се лежело во затвор или истиот бил соочен со бројни докази и заради тоа признал и се спогодил за пониска казна?- рече Спиро Ристовски.

sjo

И од ГРОМ повлекувањето на обвинението за ПУЧ го сметаат за аболиција на Заев а образложението на СЈО го нарекоа ефтина манипулација.

Минатата недела СЈО со соопштение објави дека се откажува од обвинението со образложение дека  доказите со кои рапсолагаат и наодите од истрагите за случаите Таргет и Тврдина се во спротивност со содржината на обвинитлениот акт. Најавија дека прибираат дополнитлени докази за целосно утврдување на фактичката состојба за овој случај кој е централен во аферата за прислушување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top