| четврток, 6 декември 2018 |

Продадени билетите за „Клеопатра“ на 31 јануари, следните претстави се на втори и на четврти февруари

Македонската опера и балет (МОБ) извести дека билетите за балетскиот спектакл „Клеопатра“, кој беше закажан за вторник 31.1.2017 г. се продадени, следни претстави за кои публиката ќе може да си купи билети се закажани за в четврток, втори февруари и за в сабота, четврти февруари 2017 година.

За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф /костимограф: Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.
Во главните улоги настапуваат првенците: Александра Мијалкова – Клеопатра, Васил Чичијашвили – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антониo, Октавија: Марија Кичевска – Шокаровска, Змија: Мими Поп Алексова – Атанасовска, Октавијан: Киро Павлов, Аплодор: Дојчин Дочев.
Диригент е Бисера Чадловска, а настапува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top