Кога се донесува едногодишна програма за поддршка на проекти од национален интерес, а таа годишна програма секоја година се донесува и мислам дека многу е задоцнето ова дејствување на СДСМ бидејќи неколку години и претходно принципот во согласно со законските процедури и прописи е оној ист како и сега, но сепак поразличен од нивното време бидејќи сега имаме востановено многу јасни критериуми во сите дејности, рече министерката Канческа-Милевска во отвореното студио на ТВ „Нова“.
– Културата е многу специфична и кога се гледа таа годишна програма, мора да се гледа многу аналитично во однос на сите дејности на културата. Не може издавачката дејност да е приоритет во однос на целата годишна програма затоа што издавачката дејност е еден мал сегмент и тука станува збор за приватни издавачки куќи. Многу е важно годишната програма да се анализира прво врз основа на она што е пристигнато како понуда на конкурсот во Министерството за култура, да ја видиме понудата од другата страна и потоа, се разбира, да ги видиме сите резултати на прифатените проекти во сите области на културата – кажа Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците