| четврток, 6 декември 2018 |

Светот го доби првото бебе со име Трамп

Бебе од ирачки Курдистан го доби името Трамп. Се работи за Трамп Џамил од Ирак, бебе старо 20 дена. Името му го дал неговиот татко, Хасан, кој е курдски борец и, како што вели, пасионаран поддржувач на новиот американски претседател.

-Кога мојата сопруга забремени, се договоривме ако биде син да му го дадеме името Трамп –  вели 25-годишниот Ирачанец, кој ваквата одлука ја донел уште за време на кампањата во САД, кога не се ни знаело дали републиканецот воопшто ќе победи.

-Едноставно се восхитувам на неговата самоувереност. Се надевам дека сега тој ќе ни помогне ирачки Курдистан конечно да стане независна држава – објаснува Хасан, потсетувајќи на изјава на Трамп дека бил фан на курдските сили во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top