Бебе од ирачки Курдистан го доби името Трамп. Се работи за Трамп Џамил од Ирак, бебе старо 20 дена. Името му го дал неговиот татко, Хасан, кој е курдски борец и, како што вели, пасионаран поддржувач на новиот американски претседател.
-Кога мојата сопруга забремени, се договоривме ако биде син да му го дадеме името Трамп – вели 25-годишниот Ирачанец, кој ваквата одлука ја донел уште за време на кампањата во САД, кога не се ни знаело дали републиканецот воопшто ќе победи.
-Едноставно се восхитувам на неговата самоувереност. Се надевам дека сега тој ќе ни помогне ирачки Курдистан конечно да стане независна држава – објаснува Хасан, потсетувајќи на изјава на Трамп дека бил фан на курдските сили во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Трамп ќе го протера Ѓулен за да го омекне ставот на Турција по убиството на Кашоги