| четврток, 6 декември 2018 |

Студот нема да попушти – Нѐ очекува нов снег и заладување

ladno

Врнежи од снег со слаб интензитет најави за ноќеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот.

Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините ќе биде од пет до 10 сантиметри.

В среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува и умерен ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утринските температури ќе бидат во опаѓање.

Најниски се очекува да бидат в сабота, од ­16 до ­6 степени, додека дневните ќе бидат во благ пораст и в недела ќе се движат од ­1 до 6 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top